Координација на надлежните институции за прославата на Водици

Во пресрет на празникот, Богојавление- Водици, градоначалникот на Охрид д-р Јован Стојаноски денес одржа работен состанок со организациониот одбор. На средбата се разговараше за обврските на инволвираните институции во насока на успешно реализирање на настанот.

Централната манифестација посветена на празникот е на 19 Јануари. Прославите започнуваат во раните утрински часови со богослужби во сите парохиски цркви. Годинава големиот богојавленски водосвет, фрлањето на крстот ќе биде од градското пристаниште.

За безбедноста на сите охриѓани кои ќе скокаат во езерските води ќе бидат ангажирани спасители на вода, нуркачки и медицински тимови. Во духот на христијанската вера и обичаи среќниот фаќач на крстот ќе биде даруван од градоначалникот Стојаноски со икона, а МПЦ ќе му подари златно ланче со крст.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk