Дваесет општински стипендии за студентите од Охрид

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објави Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на државните универзитети во Република Македонија и на државни универзитети во други земји за академската 2017/2018 година.

Општина Охрид ќе додели 20 студентски стипендии и тоа:

А) 10 (десет) стипендии за редовни студенти од I, II, III, IV, V и VI година од општина Охрид кои студираат на државни универзитети во други земји, за академската 2017/2018 година и

Б) 10 (десет) стипендии за редовни студенти од I, II, III, IV, V и VI година од општина Охрид кои студираат на државните универзитети во Република Македонија, за академската 2017/2018 година и живеат во потешки социјални услови.

Повеќе информации за условите за конкурирање може да се прочитаат на општинската веб страница.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk