Тројца пелистерци потпишаа за Вардар

Пред почетокот на зимските подготовки, македонскиот шампион Вардар се засили со три нови фудбалери.

Досегашните фудбалери на Пелистер: Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски потпишаа тригодишни договори со Вардар.

Тошевски (23) во досегашниот тек на кариерата настапуваше во Тетекс и во Пелистер. Тој во неколкуте квалификациски натпревари беше и стандарден член на македонската репрезентација за која има четири настапи. Игра на позицијата десен бек.

21-годишниот Попзлатанов во сениорска конкуренција играше за Тетекс и Пелистер. Настапува на позицијата десно крило, но може да игра и како десен бек. Тој е актуелен младински репрезентативец на Македонија, член на селекцијата до 21 година.

Својата кариера Цветаноски (20) ја почна во Македонија ЃП, а на почетокот на оваа сезона се пресели во таборот на Пелистер. Тој е офанзивен играч кој што настапува и на левата и на десната страна, а игра и во средината како полушпиц.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk