Во Куратица се отвори етно ресторанот „Дедо Димо“

Со настап на фолк пејачот Спасен Силјаноски, КУД „Фолклористи“, во свечена атмосфера синоќа во охридско Куратица беше отворен етно ресторанот „Дедо Димо“. Жителите на селото добија уште една понуда во нивната туристичката промоција.

Сопственикот на ресторанот Горан Ангелоски вели дека „Дедо Димо“ е всушност продолжение на приказната која ја започна селото Куратица пред десетина години, за развој на селскиот туризам.

 

„Се надевам дека оваа приказна ќе послужи за пример не само во Охрид, туку и во цела Македонија како може да се развива туризмот и како може нашите села да одат понатаму. Целта на оваа приказна е да ги привлечиме најмногу домашните и странските туристи, при што ќе им понудено зготвената традиционална македонска селска храна, ќе имаат можност да јаваат на магариња, ќе им понудиме авантури со џипови, пешачење, планински велосипедизам, така што од ден на ден ја надоградуваме приказната на Куратица“, вели Ангелоски.

Тој посочува дека идејата за ваков тип на ресторан ја добил уште во 90тите кога со семејството бил на печалба во Швајцарија и како што посочува и во Македонија може да се понуди нешто автентично кое ќе функционира и на кое странците ќе завидуваат.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk