Плодна жетва на ХВА РАНГ ИТФ во 2017: 119 медали и 4 пехари

Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец ја организираше традиционалната вечера на која беа беа одбележани успесите на натпреварувачите на клубот кои годинава освоија дури 119 медали.

Тренерот на клубот Марјанчо Лазаревски рече дека и оваа година клубот ја надминал минатата, а се надева дека таквиот прогрес ќе продолжи и во иднина, кога очекува од ХВА РАНГ да произлезе некој европски или светски шампион.

„Оваа година Македонија ја збогативме со 119 медали: 29 златни, 35 сребрени, 55 бронзени, како  и 4 пехари: за најдобар кадет, за најдобар јуниор, за трет најдобар клуб и за најперспективен спортист на Општина Охрид за 2016 година“, рече Лазаревски, додавајќи дека во годината што изминува учествувале на 12 турнири, имале бројни семинари, а прославиле и 25 годишнина од основањето на клубот.

Новата сезона за клубот започнува со семинар во февруари 2018 со градн мастерот Ким Ил Чонг, а потоа следат меѓународни турнири од А класа во Србија и Чешка.

На традиционалната вечера од клубот се заблагодарија и до медиумите кои ги покриваат нивните настапи и успеси.

ОХРИД 24                                                                                                                                      П.Д.

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk