Армин ван Бурен доаѓа во Охрид на 4 август 2018 година

Од Авалон продукција информираат дека еден однајдобрите и најголеми диџеи на светот на сите времиња Армин ван Бурен ќе биде втората главна ѕвезда на фестивалот Ohrid Calling во 2018 година, на стадионот „Билјанини извори“.

Човекот кој четири години по ред беше прогласуван за најдобар диџеј според списанието DJ Mag, се има закитено со многу признанија и награди. Неговите албуми се продаваат во огромни тиражи, а дел од неговите траки стануваат огромни радио хитови.

Радио-шоуто „State of trance“, чиј водител е токму тој, е најслушано радио-шоу во областа на електронската музика, што е уште една потврда за квалитетот на овој Холанѓанец.

Настапите на Армин ван Бурен секогаш се енергични и полни со одлични нумери, но и со изненадувања. Сигурни сме дека и неговиот настап во Охрид ќе биде забележан како еден од низата феноменални настапи на Армин ван Бурен, кој ќе привлече бројни фанови од Европа.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (27.12) преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, и тоа по следните цели: партер 2 – 1000 денари, партер 1- 1.500 денари, фан пит 2.000 денари.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk