Димитри Вегас и Лајк Мајк главни ѕвезди на „Охрид колинг 2018“

Еден од водечките тандеми на електронската музичка сцена Димитри Вегас и Лајк Мајк ќе бидат главните ѕвезди на третото издание на фестивалот Ohrid Calling 2018, објавија од Авалон продукција.

Како што информираат од продукцијата, со ваквите супер атрактивни имиња, апсолутно најголеми хитмејкери (Tremor, Arcade…) и хедлајнери на најголемите светски фестивали Tomorrowland и Ultra, Македонија прераснува во водечка регионална дестинација на eвропските љубители на електронската музичка сцена и сигурни сме дека на двата фестивала ќе присуствуваат барем 5.000 посетители од цела Европа.

Настанот ќе бидат проследен со неверојатни звучни и визуелни ефекти, на ниво на најголемите светски фестивали на електронска музика.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од вторник (26.12) од 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС, по цени од: 1000 денари ПАРТЕР 2, 1.500 денари ПАРТЕР 1 и 2.000 денари ФАН ПИТ (само 1.000 влезници).

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk