Maрија Буџакоска и Виктор Буџакоски од Лескоец на олимпијадата по експериментална физика во Софија

Деновиве во Софија, Република Бугарија, на денот на електронот при факултетот за физика, по петти пат се одржа познатата Олимпијада по експериментална физика.

На овој значаен меѓународен настан учествуваа и двајца ученици од ОУ „Ванчо Николески“- Лескоец, кои под ментроство на предметниот наставник, проф.Цвета Андреска покажаа одлични знаења од областа на физиката за што се здобија и со соодветни меѓународни сертификати.

Своите знаења стекнати во Лескоец, македонските претставници Maрија Буџакоска и Виктор Буџакоски ги споделија и своите знаења и ги разменија своите искуства со врсници од Бугарија, Србија, Грција, Русија, Унгарија и Казахстан.

Импресионирани од големината на овој меѓународен настан посветен на експерименталната физика, лескоечката екипа се враќа полна со спомени и со желба и идната година да бидат дел од оваа меѓународна олимпијада .

Тричлената екипа од Лескоец упатува голема благодарност до родителите на учениците кои сесрдно и финансиски го поддржаа ова патување, а упатија особена благодарност и до господинот Тони Симоноски, доскорешниот директор на ОУ „Христо Узунов“, кој го обезбеди превозот до Софија, разгледот на градот и посетата на Рилскиот манастир.

ОХРИД 24, како и вообичаено, ги поткрепува и медиумски ги покрива успесите на сите наши охридски и македонски ученици и на нивните наставници. Нека им се нижат успеси!

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk