ВИДЕО: Македонската естрада со нова верзија на божиќната песна „Вечниот Бог“

Најпопуларните пејачи од македонската поп-естрада решија во пресрет на Бадник и Божик да не’ изненадат со освежена верзија на една од најпознатите божикни песни во православниот свет – „Вечниот Бог“.

Освен Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски и Некст тајм, кои вторпат се вклучени во проектот инициран од Бигорскиот манастир, кој има за цел да внесе вистинска празнична атмосфера на љубов и радост во секој дом, оваа година музичкиот дел од екипата со име „Бадникови поворки“ е засилена и од Даниел Кајмакоски, Викторија Лоба, Влатко Лозаноски, како и „Златните славејчиња“, кои на 6 јануари ќе ги предводат Бадниковите поворки низ цела Македонија.

Аранжманот за песната е дело на Владимир Димовски, а видеоспотот за истата е веќе во подготовка.

Ова значајно музичко дело најмногу ќе им помогне на децата – коледарчиња со леснотија да ја научат божикната песна која низ стихови го пренесува настанот на Христовото раѓање. Затоа пејачите порачуваат:

„Дечиња, сите да ја научиме песничката ‘Вечниот Бог’ и на празникот Бадник да масовно да учествуваме во Бадниковите поворки. Сите заедно, цела Македонија!“

ОХРИД 24                                                                                                      извор: Макфакс

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk