Водата од Билјанини извори е небезбедна за пиење

Наодите од последната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на водата од изворот „Билјанини извори“ покажуваат дека водата содржи патогени бактерии и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата е микробиолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.

Од центарот информираат и за водата за пиење во Струга. Велат дека состојбата со водата за пиење од Градскиот водовод во Струга и селата приклучени на градски водовод е нормализирана, односно, денешните наоди од физичко-хемиска и микробиолошка анализа на водата за пиење покажале дека водата е здравствено безбедна за пиење. Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk