Браќата Винклвокс се првите биткоин милијардери

Близнаците Тајлер и Камерон Винклвос кои го обвинуваа Марк Зукерберг дека ja украл нивната идеја за Фејсбук, се првите биткоин милијардери во светот, соопштува британскиот The Telegraph.

Во 2013 година, браќата купуваат крипто-валути од 11 милиони долари, стекнувајќи околу 1% од сите биткоини во светот. Оттогаш дигиталната валута скокна речиси 100 пати на 11.395 долари.

Се уште не е познато колку точно биткоини поседуваат двајцата браќа, но се претпоставува дека тие надминуваат 100 000. На овој начин, состојбата на Винклвос надминува 1 милијарда долари.

Браќата се категорични дека немаат намера да го продаваат својот имот во криптовалути.

Уште еден сопственик на биткоини над 1 милијарда долари е основач на криптовалутата, човекот кој се крие зад псевдонимот Сатоши Накамото.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk