Трошоците што ги пријавуваат пратениците во Франција ќе се проверуваат

Француското Национално собрание донесе нови, построги правила за пратениците кои бараат надомест на трошоци од Собранието, пишува Нова Македонија.

Според новиот правилник, ќе се врши контрола на трошоците што ги пријавуваат пратениците, и тоа најмалку еднаш во нивниот петгодишен мандат. Пратениците имаат право да побараат до 5.373 евра месечно за разни трошоци, а досега не се вршеле проверки на трошењето на овие пари.

Собранието воедно ќе изработи листа на тоа какви трошоци ќе се одобруваат, а кои нема. Ќе се забрани и надомест на трошоци за купување или изнајмување на имот од роднини на пратениците.

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk