5000 евра уцена за охриѓанец за да не објават недолични работи за неговите ќерки

Во СВР Охрид, С.Д. од Охрид пријавил кривично дело „уцена“ според член 259, став 1 од Кривичниот законик. На полноќ телефонски му се јавил С.И. и побарал да му даде 5.000 евра или во спротивно ќе објавел недолични работи за неговите ќерки. Покрај повиците следувале и СМС пораки со заканувачка содржина и фотографии.

Во една од СМС пораките пишувало: „ШОКАНТНО: Познат охридски новинар и рекетар ги рента своите ќерки низ хотели во Охрид, Фото галерија од ќерките“.

Целокупниот настан е пријавен во МВР со приложени докази, телефонски повици и СМС пораки, како и предадени се печатени материјали од објавата на порталот, од страна на Криминалистичката полицијата извршено е обезбедување на докази – Фотографирани на дојдовни повици и СМС пораката.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk