Во Охрид се одржа тренинг семинар за преживување и спасување во природа

Семинарот се одржа на повеќе локации во околината на Охрид, каде учесниците преку интерактивни работилници имаа можност да се споделат искуства и знаење од областа на трагање, преживување и спасување во планини и непристапни терени.

Осумнаесет учесници од девет балкански држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Словенија и Турција) беа дел од тренинг семинарот за преживување и спасување во природа, кој беше организиран од страна на Сојузот на извидници на Македонија во соработка со Дирекција за заштита и спасување на РМ, поддржан од Иницијативата за подготвеност за катастрофи и превенција на Југоисточна Европа.

%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%80-1

%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%80-2

– Овој семинар се одржа на повеќе локации во околината на Охрид, каде учесниците преку интерактивни работилници имаа можност да се споделат искуства и знаење од областа на трагање, преживување и спасување во планини и непристапни терени. Остварените контакти и деновите поминати заедно ќе помогнат да во иднина и во Р. Македонија се дооформат и едуцираат тимови кои што стручно и професионално и според меѓународни утврдени правила ќе можат успешно да извршуваат задачи за спасување и пронаоѓање на изгубени или настрадани лица во природата, информираат организаторите.

%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%80-3

%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%80-4

На тренингот зедоа учество и претставници од извидничкиот одред „Пионер“ од Охрид во улога на предавачи во името на Сојузот на извидници на Македонија.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk