Куба одбележува 1 година без Кастро – неговите идеи сѐ уште се живи

Tочно пред 1 година, на 25 ноември 2016 година, на 90-годишна возраст почина лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро. Државата ќе ја одбележи годишнината со бројни настани, како и телевизиски програми и филмови, раскажувајќи за најважните етапи од животот на основачот на првата социјалистичка држава на западната хемисфера.

Синоќа пред Правниот факултет на хаванскиот универзитет, на кој Кастро дипломирал со почести во 1949 година, се одржа масовен културен и политички настан во знак на сеќавање на кубанскиот лидер.

„Во последните 365 дена Фидел не беше со нас, но ние му го чувствувавме присуството во секоја секунда. Ги читаме и препрочитуваме неговите говори и ќе го паметиме засекогаш“, пишува на насловната страница на весникот „Гранма“.

„Пред 1959 година, Куба речиси не постоеше на мапата на светот, но тој ја направи нашата земја да биде почитуван актер на меѓународната сцена“, напиша познатиот историчар и автор на неколку книги за кубанската револуција Еберто Норман Акоста.

„За нас Кубанците, Фидел не е мртов. Неговите идеи за слобода, рамноправност и социјална еднаквост се живи, а неговиот пример секогаш ќе ни биде пред очи“, рече за ТАСС жител на главниот град.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk