Лавров: Војна со Северна Кореја, еден милион жртви на првиот ден

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, изјави дека каков било воен судир со Северна Кореја би одзел милион жртви уште на првиот ден. Лавров тоа го изјави по состанокот со шефот на јапонската дипломатија, Таро Кон.

„Сите водечки експерти признаваат дека военото сценарио со Северна Кореја би било поврзано со катастрофални последици. И уште на првиот ден од можен вооружен судир ќе има стотина илјади, а може и повеќе од еден милион жртви“, изјавил Лавров.

Тој оценува дека САД не се задоволни што Северна Кореја во последно време не лансирала ниту една ракета. Се наведува дека Лавров рекол оти Вашингтон презема чекори со цел иритирање на Пјонгјанг и навел дека Русија е загрижена поради тоа што Јапонија станува база за американско воено засилување во Азија.

„Русија е против милитаризација на Азија под изговор спротивставување на Северна Кореја и е загрижена поради плановите на САД да распоредат дел од глобалниот систем за ракетна одбрана во регионот“, рекол Лавров.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk