13 години „Охриде не бери гајле“ на Супер радио

Полни 13 години емисијата „Охриде не бери гајле“ е верен утрински пријател на охриѓани, стружани, но и на сите кои го слушаат Супер радио насекаде низ светот на интернет. Стандардната екипа составена од Жанко Зш Голабоски и Тони Ангелески – ДЏ Џомба, заедно со остатокот од утринската екипа Даниела и Реџо се тимот што годиниве наназад им посакува добро утро на слушателите на охридското Супер радио и им ја нуди најдобрата музика.

„Полни 13 години не бериме гајле сите заедно на Супер радио. Секој работен ден имаме супер позитивно утринско дружење со многу забава добра музика и позитивна мисла. Целта секогаш ни е позитивно да им почне денот на сите наши слушатели. Овие 13 години кои се зад нас имавме многу спонзори и помагатели, направивме многу хуманитарни, еколошки и спортски акции и планираме да продолжиме уште многу години со исто темпо“, вели Жанко.

За техничкиот облик на емисијата „Охриде не бери гајле“ е задолжен Тони Џомба. Тој открива дека секојдневно комуницираат со слушателите ширум светот, благодарение на интернетот.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk