Јавна расправа за организирање на режим на сообраќај во централното градско јадро

Утре, 20 јуни со почеток во 18 часот, во големата сала на Општина Охрид, ќе се организира јавна расправа за организирање на режим на сообраќај во централното градско јадро.

Идејниот проект го изработи и ќе го презентира фирмата „24 Инк“, а во себе содржи 3 идејни решенија за динамичкиот, статичкиот и пешачкиот сообраќај. Проектот ги скенира сите видови на сообраќај, со коефициент за најголема оптовареност и најоптимални решенија.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk