Ѕвездите што го отворија „Охридско лето“ во посета на дирекцијата

Светските уметници кои синоќа приредија незаборавен концерт на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“ , оперската дива ЕленаМошук, извонредниот тенор Калин Братеску и маестралниот диригент Николае Молдовеану, денеска беа во посета на фестивалската дирекција.

Уметниците се заблагодарија за гостопримливиот пречек во Охрид и беспрекорната организација на настанот за свеченото отворање, и посакаа многу успех на фестивалот и во реализацијата на останатите музичко-сценски настани на годинешното 58-мо издание.

Пред нивното заминување, тим од „Охридско лето“ ги прошета уметниците низ стариот дел од градот каде што ја разгледуваа староградската архитектура и културно-историските објекти, а посебно се интересираа за акустичноста и условите што им ги нуди на уметниците амбиентот на катедралната црква „Света Софија“. Оперската певица Мошук си заминува од Охрид со бисерен ѓердан изработен по познатиот бренд „Филеви“.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk