Шаќири, разрешен од директор на затворот сега директор на комунално претпријатие

Разрешениот директор на струшкиот затвор Арменд Шаќири ќе биде нов директор на новоформираното струшко јавно претпријатие Паркови и Зеленило – Еко Струга.

Претходно Владата го разреши Арменд Шаќири од должноста директор на КПУ – Казнено поправен дом од отворен вид Струга. Истрагата во струшкиот регион започна во саботата, кога беа уапсени шест лица, а еден с`е уште е во бегство. Сите се осуденици, кои веќе издржувале казна во Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга. Функционирале како крими-група, а во бизнисот со оружје и дрога им помагал и еден инспектор. Полицијата истражува дали и други вработени во затворот биле дел од мрежата.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk