Четкар со нов сингл и видео „Come With Me“

Охриѓанецот Владимир Василевски – Четкар со нов сингл и видео „Come With Me“. Четкар на песната е комплетен автор, продуцент, композитор, текстописец, аранжер, диригент и вокалист. Темата стилски претставува синтеза на соул, џез, фанк, диско и поп елементи, испреплетени во еден интересен аранжман со целосно жива оркестрација.

„Come With Me“ е комплетирана и со видео запис кој го потпишува Борче Димоски, а кое и ги прикажува некои од најволшебните места на Охридското Езеро.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk