Василески, Мукоски и Чавков пуштени во куќен притвор

Врховниот суд донесе одлука да им ја замени мерката притвор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски и Сашо Василески и на поранешниот министер Митко Чавков со мерка куќен притвор по поминати речиси четири месеци во истражниот затвор во Шутка.

На пратениците Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски им се укинува мерката куќен притвор со обврска да се јавуваат еднаш неделно во основниот суд на чија територија имаат живеалиште.

Врховниот суд имаше јавна седница за вкупно 12-те жалби на осомничените за организација и учество во настаните од 27 април во Собранието на 20 март. Со денешната одлука, уште четворица од осомничените остануваат во притвор.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk