Црвен крст Охрид со честитка по повод Светскиот ден на крводарителството

По повод 14 јуни, Светскиот ден на крводарителството Црвен крст Охрид упати честитка и благодарност до сите крводарители, мотиватори, поединци, фирми, институции кои со своите хумани дела придонесуваат за развој и унапредување на крводарителството и спасување на човечки животи.

„Дарувањето крв во Р.Македонија е доброволно и бесплатно и претставува израз на високи етички, хумани, морални и патриотски вредности, но истовремено и граѓанска должност и обврска на секој човек. Човечката крв е лек кој единствено може да се обезбеди со дарување. Да се дарува крв и да се спаси животот на болниот, повредениот, кого не го познаваме и кого веројатно никогаш нема да го запознаеме е најубаво и најблагородно дело и чувство кое може да го исполни човекот“, велат од Црвен крст Охрид.

Оттаму со охрабрување и апел до сите оние кои се чувствуваат здрави:

„Дарувајте крв, од тоа нема похумано. Бидете член на охридското „крводарителско семејство“, на „семејството“ на Црвениот крст кое е големо и сложно, зошто нас не поврзува хуманоста“, порачуваат од Црвен крст Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk