90 денари за метар квадратен ќе биде почетната цена за закуп на плажа на Охридското Езеро

На денешната работна средба во Општината со постојните и новозаинтересираните закупци на охридските плажи се разговараше за текот на постапките околу закупување на плажите во пресрет на летната туристичка сезона.

Согласно одлуката на градскиот Совет почетната цена за издавање под закуп за метар квадратен ќе биде 90 денари. Цената се однесува за плажите во централното градско подрачје и првата зона, а наддавањето ќе биде по електронски пат и се очекува да се реализира наредниве денови. Плажите кои нема да бидат дадени под закуп во првиот круг ќе има второ и трето наддавање. Плажите ќе се даваат под закуп за период од 5 години.

На средбата се разговараше и за последиците од штетите на охридските плажи по невремето во месец март годинава.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk