ХВА РАНГ ИТФ ќе учествува на меѓународен теквондо ИТФ турнир во Романија

Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овој викенд 15.6-16.6 2018 ќе учествува на меѓународен теквондо ИТФ „А Класа“ турнир „РОМАНИЈА ОПЕН 2018“ во Орадеа, Романија, кој е завршен „А Класа“ турнир за оваа пролетна сезона. На овој турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан, поранешен светски вицешампион, такмичарите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид , ќе ги одмерат силите во форми и спаринг-борби поединечно, додека сениорите ќе учествуваат и за специјални техники и тест на снага.

„Се надеваме дека и овај пат претсатвниците на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди. Воедно Теквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид користи прилика да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ , кој и овај пат е најзаслужен за нивното учество на овај престижен турнир“, велат од клубот.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk