Фрчковски: Цената на ароганцијата на ДУИ за Законот за јазици ќе ја плати СДСМ

Според Љубомир Фрчкоски, ДУИ покажала ароганција и нечувствителност при инсистирањето сега и ваков каков што е, да се усвои Законот за јазиците.

„Постои извесна ароганција на ДУИ, која сите ги изнервира. Начинот на кој го буткаа Законот покажа една таква нечувствителност. Таквиот пакет на „земи или остави“, а соочена со такви очигледни слаби решенија во Законот, цената за тоа ќе го плати нивниот политички партнер СДСМ, кој храбро застана зад нив и го избутка сето тоа, но истовремено начинот на кои се однесуваа тие, нема политичко оправдување“, рече Љубомир Фрчковски во своето гостување на Телевизија 21.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk