ФОТО: Синот на Иванов со маичка „Конески визионеру“ на отворањето на Охридско лето

Со маичка на која имаше испишано порака „Конески визионеру“, вечерва Иван Иванов, синот на македонскиот престедател Ѓорге Иванов, дојде на отворањето на 58-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Фестивалот го отвори светски познатата оперска дива Елена Мошуц, тенорот Калин Братеску и диригентот Николае Молдовану, во придружба на оркестарот на Македонската филхармонија‎.

Оперската пејачка од Романија, Мошуц, за крај заедно со публиката во еден глас ја испеа песната „Македонско девојче“ во оперска верзија, која беше дочекана со громогласен аплауз.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk