Физичка пресметка во пекарница во Охрид

Во пекарница во Охрид лоцирана на улицата „Гоце Делчев“, вчера бил нарушен јавниот ред и мир преку вербална расправија помеѓу О.М.(27) од Прилеп и Д.Д.(39) од Радовиш.

„Караницата прераснала во физичка пресметка при што О.М. се заканил со дрво а Д.Д. со кујнски нож. Сакајќи да го одземе ножот, О.М. со десната рака го фатил сечивото од ножот при што се здобил со расекотина на шаката. Тој, со возило од Брза помош, Оливер е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде се констатирани тешки телесни повреди- пресечени тетиви и крвни садови и е задржан на понатамошно лекување“, информираат од СВР Охрид.

На местото на настанот, увид извршил Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk