Уште многу време и пари е потребно за автопатот Кичево – Охрид

Увид во изградбата на автопатот Кичево – Охрид изврши денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тој најави интензивирање на активностите со напомена дека за отстранувањето на грешките ќе бидат потребни и време и пари. Клучно ќе биде, како што рече, работите да завршат до утврдениот во 2021 година.

„Проблеми создава и изградбата на тунелот зашто е утната категоријата на земјиштето, а тоа налага дополнителни материјали за заштита и потпора при ископ и забавено изведување на работите“, истакна Сугарески.

Според оценката, дополнителни осум клучки и 40 километри алтернативни патишта до населените места, ќе треба да се изградат како дел од автопатот Кичево – Охрид. Ќе треба да се ископаат и уште осум милиони метри кубни земја за да се стабилизираат свлечиштата и усеците кои во првичниот проект биле со големи наклони.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk