Охриѓанец уценувал жена за да не објави нејзини фотографии на Фејсбук

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишен жител на Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Пријавениот, преку телефон и се заканувал на 30-годишна жена дека, доколку не му плати 800 евра, на социјалните мрежи ќе објави нејзини фотографии со компромитирачка содржина. Откако жената му дала пари, бил извршен претрес во домот на пријавениот, каде што биле пронајдени парите.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk