Уставниот суд ќе ја разгледува уставноста на референдумот

В среда Уставниот суд ќе ја разгледува одлуката на партијата Левица којашто поднесе иницијатива за распишувањето на референдумот дека е спротивно на Уставот на РМ, на Законот за референдум и кодексот на Венецијанската комисија за добри референдумски практики.

„Бараме од Уставниот суд донесената Одлука за распишување на референдум да ја прогласи за противуставна и противзаконска и како таква истата да ја поништи. Уставниот суд треба да изрече и времена мерка на итно запирање на активностите планирани во врска со организирање и спроведување на референдумот“, велат од Левица.

Девет уставни судии ќе одлучуваат дали ќе поведат постапка за оценка на уставноста на одлуката.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk