Успешно полагање за појаси во „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец

Викендов во спортската сала на Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец, се одржа полагање за појаси во организација на Македонската ИТФ , при што имавме прилика да гледаме како младите спортисти демонстрираат врвна техника, на кој многу мајстори можат да им позавидат.

„Давид Крстески се закити најзаслужено со црвен појас, со што го исполна и последниот критериуим за учество на Европско, кој е освојувач на многу медали и е најдобар во својата категорија на Балканот и пошироко, наполна 11 години и следната година на Европското Таеквон-до ИТФ првенство во Римини Италија ќе ги брани боите на Македонија. Нашиот клуб е истотака побогат со 9 жолти појаси , кои сега исполнуваат норма за натпревари и се потенцијални нови натпреварувачи,и во иднина се надеваме дека и тие ќе не радуваат со успеси“, изјавува Марјанчо Лазаревски претседател на Македонската ИТФ и престедател на Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец.

Со повисоки појаси се закитија: Давид крстески и Христијан Митрески со црвен појас, Давид Велковски со плав виши појас, Јане Димов, Марио Крстески и Филип Трифуноски со плав појас.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk