Убиецот на данската новинарка Ким Вал осуден на доживотен затвор

Данскиот суд го осуди иноваторот Петер Мадсен на доживотна казна затвор за убиството и сексуалниот напад на новинарката Ким Вал, чии делови од телото беа пронајдени во водите во Копенхаген. Вал беше пријавена за исчезната по посетата на неговата подморница. 47 годишниот Мадсен тврдеше дека смртта на Вал била несреќен случај, но призна оти го распарчил нејзиното тело и дека ги фрлил остатоците ноќта на 10 август 2017 година.

30-годишната Вал се качила на подморницата на Мадсен за да го интервјуира за приказна. Таа беше пријавена за исчезната од страна на нејзиното момче, а нејзините остатоци беа пронајдени во водата неколку недели по нејзината смрт.

Мадсен извршил цинично, планирано убиство од брутална природа и го распарчил телото за да ги сокрие доказите за убиството“, читајќи ја пресудата рече судијата.

Мадсен исто така беше обвинет за „сексуален напад од особено опасна природа“ во насока на бројните внатрешни и надворешни рани кои биле забележани на телото на Вал.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk