Убедлива победа на ,,Фидес“ на Виктор Орбан на парламентарните избори во Унгарија

Виктор Орбан, освои уште еден премиерски мандат во Унгарија, откако неговата партија ,,Фидес“, на парламентарните избори освои две третини од гласовите. Премиерот Виктор Орбан освои трет последователен мандат на власт откако неговите пораки против имиграција и обезбедија силно мнозинство на неговата партија во парламентот. Врз основа на прелиминарните резултати Фидес ќе има двотретинско мнозинство во парламентот.

Десничарскиот националистички премиер се проектираше како спасител на унгарската христијанска култура против миграцијата на муслиманите во Европа, слика која беше прифатена од милиони гласачи, особено во руралните средини.

„Најпрвин би сакал да им честитам на гласачите. Ви благодарам за вашето учество. Високиот одѕив ги отфрли сите сомнежи. Добивме доверба и можност да ја одбраниме Унгарија“, изјави Орбан по победата.

Партијата на актуелниот унгарски премиер, најверојатно ќе освои 134 од 199 пратенички места. На второ место е ултра-десничарската партија Јoбик, која освои 20 проценти од гласовите и веројатно ќе има 27 пратенички места. Целосен крах доживееја социјалистите и партијата Дијалог, кои заедно освоија 12 отсто од гласовите.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk