Тројца охриѓани извршиле тешка кражба во магацински простор

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.З.(58), В.З.(52) и Ш.Ш.(83) сите од Охрид.

„Пријавените, здружени заради вршење кражба, во периодот април-јули оваа година од магацински простор во Охрид одзеле плочки, арматура со различни димензии од кровна конструкција и лим, со што се здобиле со противправна имотна корист од 326.000,оо денари“, информираат од СВР Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk