Трета поетска манифестација „Охридски поетски бисер“

Денес, 3о јуни (сабота) со почеток во 12:00 часот во манастирот „Св. Стефан“ ќе се одржи третата поетска манифестација „Охридски поетски бисер“.

Организатори на поетската манифестација се Мирко Томовски, Митре Мангоски-Радождански, Перчо Божиновски и Маја Мојсова. Манифестацијата има благородна мисија во афирмирањето, пренесувањето и зачувувањето на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Таа им дава можност на непознатите, анонимни поети, особено на помладите генерации, во содејство со веќе познати македонски автори да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk