Тешко повреден параглајдерист кој летал од Галичица

Вработени во Националниот парк „Галичица“, вчера пријавиле дека на планината Галичица, кај месноста „Баба“, паднало лице со параглајдер. Екипа на униформирани полициски службеници од СВР Охрид веднаш се упатила на посоченото место и известена е планинарската служба за спасување како и Итната медицинска помош.

„На местото викано „Баба“ во контактибилна состојба е затекнато лицето О.В. ( 37) од Киев-Украина, кој претходно летал со параглајдер по што, од засега неутврдени причини, изгубил висина и паднал. Тој, е пренесен во болницата Св. Еразмо каде се констатирани тешки телесни повреди по што е задржан на понатамошно лекување“, информираат од СВР Охрид.

По овласување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршија екипи на СВР Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk