Тешка кражба во поранешната фабрика „Отекс“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Д.О.(33) од Охрид.

„Тој, казненото дело го сторил во временскиот период од 22/23.6.2018 година во комплексот на поранешната факрика „Отекс“. Користејќи две маси, се качил на таванот од помошната просторија во фабриката и по извршено пребарување во поранешните фабрички простории одзел 40 м.2 парапет-тавански алуминиумски профили“, информираат од СВР Охрид.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот Д.О. се стекнал со протившправна имотна корист во износ од 120.000,оо денари.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk