Тепачка на универзитетот во Струга

Во билтенот на МВР стои дека се случил индицент на универизтетот во Струга. Во СВР Охрид било пријавено дека вчера во 11 часот во просториите на меѓународниот универзитет во Струга, Б.К. од село Велешта, струшко започнал вербална расправија со А.К.(40) од Струга кој бил вработен во универзитетот, упатувајќи му закани по неговиот живот, а потоа и физички го нападнал удирајќи го со тврд предмет во пределот на главата.

Потоа Б.К. му го одзел мобилниот телефон на А.К. и го напуштил местото на настанот. Б.К. е повикан во полициската станица во Струга и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk