Теквондистите од „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескоец на меѓународен А Класа турнир во Босна и Херцеговина

Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овај викенд 5.10 -7-10 2018 ќе учествува на меѓународен теквондо ИТФ „А Класа” турнир „БОСНАА ОПЕН 2018″ во Добој, БиХ, кој е традиционално еден од најквалитетните „А Класа” турнири за есенската сезона.

На овој турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион, такмичарите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид , ќе ги одмерат силите во форми и спаринг-борби поединечно, додека сениорите ќе учествуваат и за специјални техники и тест на снага. Се надеваме дека и овај пат претсатвниците на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди. Воедно Теквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид користи прилика да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ , кој и овај пат е најзаслужен за нивното учество на овај престижен турнир.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk