Таткото на Саздовски: Да нема местенки и правдата да излезе на виделина

Таткото на Никола Саздовски се обрати на протестниот марш и замоли за една минута молк за Никола и мирно да си заминат сите.

„Револтот е огромен, а со ваша помош правдата ќе излезе на виделина. Важно е да нема местенки. Полицајците не ни се непријатели, тие не се виновни, наредено им е да не пуштаат. Барам од сите вас да завршиме мирно, за душманите да не кажат дека сме багра што не знае што сака. Ве замолувам на една минута молк за Никола и мирно да си отидеме“, рече таткото на Никола Саздовски.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk