„Струшки книжевни средби – 2018“: Наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ ги примија Владимир Плавевски, односно Елена Пренџова

На вториот ден од тридневната традиционална книжевната манифестација, „Струшки книжевни средби – 2018“, беа доделени наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“, кои ги примија Владимир Плавевски, односно Елена Пренџова.

Наградата „Книжевна далга“, за 2018 годинава, му беше врачена на добитникот Виктор Шеќероски, од Белград. Вечер во Вевчани, во Спомен куќата на Михајло Пупин ќе биде доделена и наградата „Книжевни бранови“ за најдобра прочитана песна на средбите, како и наградата „Струшко слово“ на Никола Шимиќ Тонин (Хрватска) и Јордан Ѓорчев (Македонија). Манифестацијата, утре се сели во општина Дебрца.

Годинава на Книжевната манифестација „Струшки книжевни средби–2018“, има учесници од Македопнија, Србија, Хрватска, Албанија, Русија, Германија и Словенија.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk