Стружанец извршил тешка кражба во дисконт

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М.(34) од Струга.

„Тој, казненото дело го сторил на 31 мај оваа година во дисконт лоциран на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга користејќи клешти со кои ја исекол железната решетка на задната врата од дисконтот. Потоа насилно ја отворил вратата, влегол во дисконтот, извршил пребарување и од касата одзел пари и 30 алкохолни и енергетски пијалоци“, информираат од СВР Охрид.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот Н.М. се стекнал со противправна имотна корист од 300.000,оо денари.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk