Стојаноски како градоначалник не може да го гарантира зачувувањето на статусот на Охрид во УНЕСКО

Градоначалникот Јован Стојаноски гостувајќи во студио 1 на 1ТВ одговараше на прашања поврзани со локална тематика. На темата мораториум и урбанистички планови Градоначалникот изјави дека тоа било многу тешко и треба смело да бидат донесени урбанистичките планови.

„Мораториумот е една прилично тешка одлука на којашто не знам колку ниту ние како општина Охрид, а дури и централната власт може да се одлучи во овој момент затоа што мораториумот би го спречил процесот на урбанизација и развој кој е потребен во Охрид“, рече Стојановски.

Запрашан дали е цврсто убеден и гарантира дека носењето на кој бил урбанистички план нема да го загрози статусот на Охрид и Езерото во УНЕСКО, Стојаноски одговори дека тоа не може да го гарантира.

„Секако дека не можеме затоа што… Велам дека мора да се донесат тие урбанистички планови, тие урбанистички планови да бидат и развојни меѓутоа и да значат задоволување на еколошките стандарди. Тоа во најголем дел значи изградба на еко-комплекси“ – рече Стојаноски.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk