Столтенберг: Ако го смените името ќе влезете во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг нагласи штом ќе бидат завршени националните процедури за името, земјата ќе стане 30 членка на НАТО под новото име Северна Македонија.

„Или ќе го смените името и ќе влезете во НАТО или обратно, нема да го смените и нема да влезете. Двете одеднаш не може. Го поздравивме договорот и јасно кажавме дека кога сите процеси ќе бидат финализирани БЈРМ ќе стане 30-та членка на алјансата. Но нема да станете членка ако не го смените името. Тоа е едноставен избор“, рече Столтенберг.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk