Сообраќајна незгода меѓу автомобил и мотор на Железничка

Вчера на кружната крстосница кај улиците ,,Железничка“ и ,,15-ти Корпус“ во Охрид, се случи сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Пежо 206“ со битолски регистарски ознаки и мопед марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки на кој се превезувале две лица.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.Н.(33) од Велгошти а со телесни повреди се здобил М.Б.(24) од Охрид. Тие, со возило на брза помош се пренесени во болница „Св.Еразмо“ и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Незгодата се случила при движење на мопедот по улицата „15ти Корпус“ од правец на селото Лескоец кон Охрид а автомобилот „Пежо“ се движел по улицата „Железничка“ према улицата „15 Корпус“. На критичното место, се случил судар на десната страна од мопедот и предната страна од автомобилот „Пежо“. На местото на сообаќајната незгода, по овластување на Јавен обвините, увид извршија полициски екипи од СВР Охрид“, информираат од СВР Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk