Сонати за виолина и пијано на „Охридско лето“

Руските уметници, виолинистката Алена Баева и пијанистот Вадим Колоденко вечерва ќе музицираат за публиката на фестивалот „Охридско лето“.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот, а на репертоарот се сонати за виолина и пијано од композиторите Игнаси Јан Падеревски, Клод Дебиси, Лудвиг ван Бетовен и Оторино Респиџи.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk