Собрани 36 единици крв на крводарителската акција на Црвен крст

Крводарителска акција во организација на Црвен крст Охрид и во партнерство со маркети Тамаро заврши со 36 собрани единици крв. Радува фактот што 5 крводарители на оваа акција за првпат ја даруваа својата драгоцена течност и влегоа во големото хумано семејство на крводарители.

Од Црвен крст изразуваат благодарност до маркети Тамаро и вработените кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност, како и  до Центарот за култура „Григор Прличев“ кој овозможи простор за одвивање на крводарителската акција.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk