Ситуацијата алармантна, Охрид не може да се справи со кучињата-скитници

Десетина кучиња скитници слободно се движат низ центарот на Охрид меѓу граѓаните и туристите. Градот се мачи со нив, а ги има речиси насекаде. И покрај најавите од Локалната самоуправа нема решавање на проблемот со кучињата скитници. Во два наврата се ветуваше решавање на проблемот, но наместо тоа ситуацијата станува поалармантна.

Кучиња во поголеми групи ги има на градскиот плоштад, по кејот и на шеталиштето, што остава грда слика пред граѓаните на Охрид и пред нивните гости.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk