Силен јужен ветар го разбранува Охридското Езеро

Силен јужен ветар го разбранува Охридското Езеро. Високиот водостој на езерото од десетина сантиметри над максимално дозволената кота заедно со ветарот придонесе брановите да ги префрлат бетонските бариери долж Кејот, нанесувајќи поголеми количества вода што канализацискиот систем за одвод не може да ги прифати.

Проблематично е на одредени точки каде системот за одвод е со помал капацитет, особено во Стариот дел. Терасите на дел од угостителските локали и ресторани се навлезени во самото езеро, а Мостот на желбите не ги издржа налетите на ветрот и силните бранови.

Во Пештани, пак, скршено дрво предизвика застој во сообраќајот на патниот правец Охрид-Св. Наум, а поради оштетена инсталација, има и прекин во снабдувањето со струја.

Ветерот предизвикува и проблеми на покривите на постари објекти и слабо обезбедени ламарени кровни конструкции.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk